Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ВМРО-ДПМНЕ продолжува каде што застана пред 4 години со уништување на Охрид и Охрдиското езеро, реагира СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ продолжува каде што застана пред 4 години со уништување на Охрид и Охрдиското езеро, реагира СДСМ
300x250 opst2

СДСМ реагира по најавата на новиот охридски градоначалник Кирил Пецаков за повторно издавање под концесија дел од плажите на охридското крајбрежје.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да си ја покажува својата лицемерност, едно зборуваат кога се во опозиција, сосема спротивно зборуваат и прават кога се на власт.

Нивната голема грижа за Охридското езеро, за статусот во УНЕСКО како заштитено природно и културно наследство, критиките, само месец дена по изборите ја пуштија низ вода и почнаа постапка за повторно издавање на плажите под концесии.

Градоначалникот на Охрид заедно со криминалното ВМРО ДПМНЕ има намера повторно да го издава најатрактивниот и најзаштитениот дел од крајбрежјето на Охридското Езеро.

Тој само продолжува каде што ВМРО-ДПМНЕ застана пред четири години во уништувањето на македонскиот бисер, ним воопшто не им е грижа за препораките од УНЕСКО, ниту за Планот за управување со светското природно и културно наследство.

Централната и локалната власт предводена од СДСМ во изминатите четири години со изградбата на колекторскиот систем, планот за управување со Охрид, чистењето на плажите, успеа да санира дел од штетите направени со децениската негрижа, злоупотреби и мегаломанство на ВМРО-ДПМНЕ.

А, сега кога ВМРО-ДПМНЕ стана локална власт во Охрид, си ја покажа дволичноста, заборави на УНЕСКО, на заштитата на Охридското езеро, покажа дека ги изигра граѓаните и нивната доверба“, наведе СДСМ во реакцијата.

Можете да прочитате

ЦИОС против МЖ транспорт: 20годишната институционална тишина може да ја чини државата 24 милиони евра

Сакаат да ја замолчат: Судијката Соња Кочовска им забрани на мајката Невена Спасеска, семејството и адвокатите да говорат во јавност

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за локалните избори