Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет во инфраструктурата е изградба на автопати, железничко поврзување со Бугарија и набавка на пет возови

ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет во инфраструктурата е изградба на автопати, железничко поврзување со Бугарија и набавка на пет возови

Патната и железничката инфраструктура е суштинска не само за подобра комуникација на граѓаните, туку и за бизнис секторот. Оттука ВМРО-ДПМНЕ се обврзува пред народот дека следниот мандат токму инфраструктурата ќе биде еден од врвните приоритети, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, клучни проекти во овој сектор ќе бидат изградбата на автопатот Кичево-Охрид, проширување на патот Гостивар-Тетово со што би се добил современ автопат, Изградба на автопат Прилеп-Битола и експресен пат до Меџитлија, довршување на експресните патишта Градско-Прилеп, експресниот пат Штип-Кочани и Штип-Радовиш и др.

„Дополнително ќе се изработи проектните документации за автопатот Гостивар-Кичево, експресниот пат Струмица-Смоквица и автопат од Требеништа до Струга и друго. Во делот на железничката инфраструктура се предвидува отпочнување на изградбата на пругата Бељаковце-Крива Паланка- Деве Баир, но и набавка на 5 нови патнички возови и генерален ремонт и модернизација на постојните локомотиви. СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“, се додава во соопштението.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет во инфраструктурата е изградба на автопати, железничко поврзување со Бугарија и набавка на пет возови е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт