Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ предлага зголемување на пензиите за 20 отсто од април

ВМРО-ДПМНЕ предлага зголемување на пензиите за 20 отсто од април

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието денеска поднесе Предлог закон за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, информира на прес-конференција координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски.

Како што рече тој, овој предлог закон предвидува зголемување на пензиите за 20%, од месец април 2022 година.

„Имајќи ја предвид појавата на пораст на цените на одделни производи и електричната енергија кои се од витално значење за пензионерите како потребата од подобрување на животниот стандарт, сметаме дека треба да се обезбеди зголемување на старосната пензија, но и на сите останати видови пензии“, порача Мицевски додавајќи дека со предложеното законско решение ќе се подобри социјалната положба на корисниците на пензија.

Можете да прочитате

Почнува кампањата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас”

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта

Апасиев: Се поизвесно е дека ќе застарат случаите „Талир 1” и „Талир 2”