Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Предавникот Ковачевски прикрива докази за да го пушти пукачот од Мавровка

Предавникот Ковачевски прикрива докази за да го пушти пукачот од Мавровка кој пукаше во народот кој протестира на слобода, се истакнува во соопштението од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„На 07.07.2022 година, МВР излезе со официјално соопштение, во кое наведуваат дека лицето Е.Ј. од Скопје, кое на истиот ден со огнено оружје – пиштол од марката Walter P99 пукаше додека поминуваше колона на луѓе при протест, и поднесе кривична пријава по брза постапка. За денеска една недела потоа ЈО да излезе со став дека пиштолот од кој било пукано не е огнено оружје, туку пиштол за светлосно звучна сигнализација од марката EKOL Aras Magnum. ЈО си зема за слобода и покрај наодот на МВР, кои излегле на лице место и го земале пиштолот од кој било пукано да излезе и да каже дека пиштолот од кој било пукано е друг пиштол, а не тој кој првично е најден кај лицето“, е потенцирано во напишаниот допис.

И додека се случува ова МВР молчи,оценуваат од партијата на Мицкоски и следно како што велат е да излезат и да кажат дека направиле грешка и да се извинат што го вознемириле пукачот.

„Предавникот Ковачевски и Оливер Спасовски прават кривично дело од чл.353 Злоупотреба на службена положба и овластување и чл. 365 Помагање на сторител во извршено кривично дело. Власта е до толку во паника што се впушта во прикривање на кривично дело и обид за убиство. И предавникот Ковачевски и Оливер Спасовски треба да знаат дека прикривањето и злоупотребата на службената положба се кривични дела за кои ќе одговараат“, се додава во напишаното од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт