Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки.

Филипче: Утре ќе се знае дали ќе има олабавување на мерките

Не разбирам како може да се манипулира и политизира оваа бројка, но должен сум да ја споделам вистината. Не е точно дека смртноста од коронавирусот во земјава е највисока во регионот. Таа е исто така далеку под европскиот и светскиот просек.

Дополнително, кај нас за разлика од многу други земји, се зема постмортем брис на лицата кои починале со симптоматологија на болеста. Ова е одговорна стратегија затоа што на овој начин ги изолираме контактите на починатиот и превенираме понатамошно ширење на епидемијата. Ако од вкупната бројка на починати од ковид-19 се изземат позитивните резултати постмортем, стапката на смртност во земјата би била уште пониска.

Апелирам да престанат деструктивно да делуваат и да ја политизираат темата со коронавирусот. Здравствените власти транспарентно и навремено информираат од почеток на кризата. Сите информации кои ги објавуваме се точни, а статистиките се изработени согласно препораките на меѓународните здравствени институции.

Венко Филипче

Можете да прочитате

Аврамовски: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Следува намалување на интензитетот на овој топлотен бран од Африка!

ВМРО-ДПМНЕ: Аудито Q8 на Филипче кое го возеше и во предизборната кампања е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ