Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Последиците од политичките калкулации на Заев резултираaт со човечки жртви

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со СДСМ и Заев секој ден доживува нов пик на заразени од Ковид-19

Првиот човек на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски во изјава вели Владата спротивно на препораките на Комисијата дозволила свадби. Владата предводена од Зоран Заев прави што сака и тоа по цена на човечки животи. Се кара и со стручната фела, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за состојбата со коронавирусот во земјава.

„Тоа говори дека се неспособни, менуваат одлуки и препораки заради политички калкулации, си поигруваат со здравјето. Си поигруваат и со економијата, еднаш затвораат угостителски објекти, еднаш за да се влезе бараат сертификати, во меѓувреме секој прави што сака“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа постапка на Владата, сметаат од партијата на Мицкоски, говори како што велат, дека поединци, но и целата Влада не ја слуша стручната фела, а последиците од политичките калкулации на Заев и неговите пријатели кои седат во владиниот кабинет резултира со човечки жртви, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт