Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Поради заевизмот во КОВИД пандемија, Македонија е на врвот по смртност

ВМРО-ДПМНЕ: Поради заевизмот во КОВИД пандемија, Македонија е на врвот по смртност
Ss2

Лошите политики и мерки на заевизмот во време на пандемијата со КОВИД доведоа Македонија да биде меѓу 6-те во светот по смртност.

Задоцнетите и лоши мерки направија над 8.100 граѓани на Македонија да го изгубат својот живот, што е рамно на една средно голема општина, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

300x250 (7)

Од партијата додаваат дека неодговорноста и несериозноста на власта на заевизмот, направи Македонија во Европа да е црна КОВИД точка и затоа земјата е рангирана како земја со висок ризик од КОВИД-19.

Наместо здравството на Филипче, Заев и Ковачевски да спречува ширење на брановите на КОВИД вирусот, тие се водеа од политика или пак воведуваа нелогични мерки. Лошото менаџирање, отсуството на стратегија и план за справување со КОВИД пандемијата граѓаните скапо го платија

За жал Заев и Филипче, а и пиунот Ковачевски во текот на целиот период не направија ништо ваквите лоши практики да се променат и да се подобрат. Напротив граѓаните сега речиси и да немаат можност во јавното здравство да направат ПЦР тест. Само 20 до 25% од тестовите се направени во јавното здравство, а останатите 75-80% се прават во приватни здравствени установи и тие чинат илјадници денари по тест, се вели подоле во соопштението.

Поразителна е информацијата дека граѓаните во Македонија досега платиле околу 30 милиони евра за тестирање во приватни лаборатории затоа што во државните нема термин.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека за ова катастрофално менаџирање со КОВИД кризата, никој не понесе одговорност. Напротив неспособниот Филипче беше заштитуван, се до моментот кога не беше заменет поради партиско политички пазар. Сепак последиците од лошото менаџирање на заевизмот остануваат, а за жал гледаме дека немаат абер ниту да се променат погрешните политики кои граѓаните скапо ги чинат.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт