Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Покачувањето на цената на кесите нова глоба за граѓаните, владата да ја преиспита мерката

ВМРО-ДПМНЕ: Покачувањето на цената на кесите нова глоба за граѓаните, владата да ја преиспита мерката
300x250 (7)

Покачувањето на цената на кесите нова глоба на товар на граѓаните, владата да ја преиспита мерката, најголем загадувач е индустријата која ги крши законите, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека парцијални мерки нема да го решат проблемот со загадувањето.

300x250 (7)

„ Додека владата го спасува народот од најлонските кеси, големите капацитети и понатаму го трујат народот. Народот не смее да биде тој кој ќе плаќа се. Во ек на енергетска криза, инфлација и ценовен шок, покачување на цените на кесите е само уште еден удар врз народот.

Мерката за покачување на цените на кесите нема да го намали загадувањето, бидејќи најголем загадувач е индустријата која ги крши законите, а не народот.

И наместо реални мерки за борба против загадувањето и подобрување на животната средина власта одбира мерки кои нема ништо да променат, но ќе влијаат негативно врз џебот на народот, затоа бараме владата да ја преиспита мерката. Не им треба уште едно покачување на граѓаните“ соопштија од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуват дека се потребни системски, а не парцијални мерки против загадувањето.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт