Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за поништување на законот за попис

ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за поништување на законот за попис
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието ги достави потписите и записниците од иницијативата за донесување на закон за поништување на законот за попис.

„Ние, како ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати укажавме дека имаме лош закон, штетен закон, што нема да ја прикаже реалната состојба на жители во македонија. Затоа, и преку Собранието поднесовме четириесетина суштински амандмани со кои што требаше да се подобри текстот на законот. За жал, беа сите амандмани одбиени“, изјави Ѓорѓија Сајкоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така, додаде тој, укажавме дека лошо е да имаме врзан потпис затоа што прави сомнеж врз самиот процес.

„Укажавме дека никаде во светот нема попис на резидентно население, а да се попишуваат и нерезидентите односно граѓаните кои не живеат во Република Македонија. Апелираме и укажуваме до власта, да прекине со постапката за попис бидејќи секаде во Европа и во светот, пописите се одложени за 2022 година. Ја повикуваме власта да се одважи и да го одложи пописот за 2022 година, да направат забелешки во текстот на законот и да го подобри за да може да имаме онаков попис каков што е потребен за развој на државата, бидејќи сегашниот текст на законот за попис нема да донесе ништо што е различно од она што го имаме ние како државјанства во Република Македонија“, рече Сајкоски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обвинителен акт за возачот кој го усмрти велосипедистот Јорго Ќука

Почина двегодишното дете повредено во глава за време на новогодишната ноќ

Студено утро со минусни температури, попладне дожд и снег на повисоките места