Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ поднесе законски измени за средното образование: „Ги поддржуваме барањата на средношколците“

ВМРО-ДПМНЕ поднесе законски измени за средното образование: „Ги поддржуваме барањата на средношколците“

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денес поднесе Предлог-Закон за измени и дополнување на Законот за средно образование. Имено, после средбата од пред два дена со дел од претседателството на Сојузот на средношколци на Република Македонија, од опозицијата посочија дека целосно ги поддржуваат и преку институциите ќе ги канализираат нивните барања.

„Барања на средношколците се основани и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со овој чекор ќе им помогне наместо да го губат времето во бојкот и бирократски процедури кои траат премногу долго, да се смени законот и тие да можат да се насочат на учење“, истакна Игор Здравковски, пратеник на пратеничката група.

Средношколската унија во Македонија, испрати барање до сите пратенички групи со кое предвидуваат олеснување на полагање на матурата, односно проектна задача и полагање на 2 предмети наместо 4 и тоа: мајчин јазик и уште еден, кој ќе биде соодветен за понатамошен упис на факултет, за оние кои планираат да го продолжат своето образование.

ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите останатите пратенички групи, без разлика дали се од мнозинството или од опозицијата да го поддржат овој Предлог-Закон.

„Матурантите не бараат прашања од пониско ниво како што најавија од Државниот испитен центар, затоа што тоа е директно штетно влијание со намалување на квалитетот на образованието, туку бараат по примерот на Обединетото Кралство, Ирска, Франција, Белгија, кои ги укинаа испитите оваа година, токму поради состојбата во образованието во услови на КОВИД 19 пандемија, кај нас да се намали бројот на истите. За брза реализација на овој чекор треба само добра волја и конечно, намалување на егоцентричноста и ароганцијата на Царовска и за доброто на образовниот систем да ги прифати сите пропусти, да почне со правење анализи и носење рационални решенија“, рече Здравковски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија