Скопје, 29 февруари 2020
Зоран Заев освен што е познат по лагите, познат е по неуспешните економски политики кои ги водеше. Заради тоа денес имаме уништена економија и стопанство. Добрата вест е што ќе изгуби на следните избори и нема да може повеќе да и наштетаува на Македонија и на граѓаните.
Во време на владеењето на Заев имаме исклучително лоша реализација на капитални инвестиции во Македонија, изградба на патишта, училишта, детски градинки, болници, амбуланти и слично. Ама затоа во мандатот на Заев долгот е зголемен за 830 милони евра, што говори дека тие пари завршиле на непродуктивни трошења како лубриканти, бадеми, цвеќиња, хонорари и партиски вработувања. Затоа имаме и рекордно ниско ниво на странски инвестиции во Македонија во 2019 година кога влегле само 290 милиони евра, неколку кратно помалку во споредба со земји од соседството. Скапо платените функционери од власта на заев не може да се сетат ниту на три поголеми инвестиции кои влегле во Македонија, не затоа што слабо паметат, туку затоа што едноставно странските инвеститори во широк лак ја заобиколуваат Македонија под власт на Заев, а и дел од нив дури и ја напуштаат. Царува сивата економија и таа надминува 40% правопропорционално како што Македонија тоне на листата на Транспаренси каде што сме една од најкорумпираните држави во светот. Тоа е резултатот на погубните економски политики на Заев, кои и криминалот и корупцијата кои ги продуцира.
Поради безперспективноста во хибридниот режим на Заев, граѓаните масовно ни ја напуштаат државата, а животот кој го ветуваа, како и проектите пред минатите избори, завршија како голема лага. Никој повеќе не му верува на Заев, бидејќи покажа дека ниту знае ниту сака нешто да направи за граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.