Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ: Невкусно е СДСМ да говори за успешни економски политики

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба до Управниот суд во која ја обжалува одлуката на ДИК
300x250 opst2

Скопје, 22 февруари 2020

Невкусно е СДСМ да говори за успешни економски политики, а во нивниот мандат 500 илјади граѓани го поминаа со еден оброк во денот живеејќи во сиромаштијата. Република Македонија е седма во свет по одлив на мозоци. Редици луѓе има пред западните амбасади каде граѓаните бараат спас од оваа криминално рекетарска банда.

СДСМ нема право да говори за економијата која овие три години целосно ја урниса. Растот на БДП во првата година од владеењето на СДСМ беше 0 проценти, реализацијата на капиталните инвестиции изминатите три години беше на очајно ниво, немаше нови крупни инфраструктурни проекти, а и оние проекти кои ги отпочна претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ беа сопрени.

Граѓаните се свесни дека единствена политичка опција која знае и работи за подобрување на економската состојба во државата е ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на 12-ти април ќе го дадат својот глас за обновата, обновата на државата, обновата на економијата, обновата на Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ