Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: На чело на РЕК Битола е поставен хармоникаш

ВМРО-ДПМНЕ: На чело на РЕК Битола е поставен хармоникаш

Назначувањето хармоникаш на чело на Рударско-енергетскиот комбинат (РЕК) е гума за спасување на генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партиската реакција доаѓа по денешната објавена информацијата дека разрешени се досегашните директори на РЕК „Битола“ и на РЕК „Осломеј“ и на нивно место се поставени вршители на должност.

Едниот од нив е Пеце Матевски, поранешен хармоникаш и досегашен директор на термоелектраната, кој сега ќе раководи со РЕК „Битола“.

„Матески од претходно работно искуство има искуство како комерцијалист на гуми за џвакање и како хармоникаш во кафеани и ресторани. Деградирачки е РЕК да го води човек што нема никакво познавање од енергетиката, ниту реално искуство од областа. Опасност за безбедноста на земјата е на чело на најголемиот енергетски капацитет, наместо енергетичар од праска, да имаме хармоникаш“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од пратијата обвинуваат дека огромни суми пари се трошат без план.

„Како што стојат работите, нема ниту кој да го направи планот за излез на државата од енергетската криза“, се додава во реакцијата.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт