Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ: Над 550 студенти не добија платежни картички, институциите веднаш да одговорат на приговорите на студентите

ВМРО-ДПМНЕ: Над 550 студенти не добија платежни картички, институциите веднаш да одговорат на приговорите на студентите
300x250 opst2

Власта на СДСМ не успеа да се справи со пандемијата создавајќи тотален хаос во државата. Без ни малку срам ги извисија студентите за домашна платежна картичка затоа што дел од нив останаа без денар доделен од Владата. Група од околу 550 студенти на УКИМ кои иако ги исполнуваат критериумите не добиле платежни картички, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ Како може МОН во време на најмодерна технологија да нема основен регистар со број на студенти во државата?

Наместо постапката на објавување да биде целосно транспарентна за на списокот да не се најдат некои што не требало да се таму очигледно власта свесно пред избори изврши класичен поткуп.

Власта го крши уставното право сите студентите да имаат еднакви можности за добивање финансиска помош од државниот буџет во услови на пандемијата. Со тоа Власта докажа дека платежната картичка за купување домашни производи е класичен поткуп. И претходно апелиравме дека делењето на картички и ваучери е предизборен поткуп на купување гласови.

Институциите веднаш да одговорат на приговорите на студентите и да им овозможат тоа што го ветуваа пред избори.

Власта предводена од СДСМ свесно со поткупот за жал го поткопува образованието“ велат од партијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Адвокатка Маја Ристова со остра реакција по смртта на кинески работник во Кавадарци: „Овојпат нема да може да се заташка, верувај ми“

Судот го спаси газда Марковски од притвор – обвинителството се плаши дека ќе бега, имал многу имот во странство

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Малку повеќе облачност, а ќе дува и силен ветер