Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Милошоски е цел на прогон од Заев само затоа што отворено зборува за криминалите

ВМРО-ДПМНЕ: Со покачување на струјата Заеви се богатат, а граѓаните осиромашуваат
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Антонијо Милошоски е цел на прогон од Заев и СДСМ, само затоа што е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа што отворено зборува за криминалите на Заев, спрегата на Заев со обвинителството и судството“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Заев и СДСМ алатките на власта ги користат само за репрекусии и притисоци врз сите политички неистомисленици.

„Има и други случаи каде се повикуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ во обвинителството, се врши мобинг врз партиски активисти и се бркаат луѓе од работа во исто време кога се поскапува цената на струјата, пропаѓа банката Еростандард скандал тежок 200 милиони евра, беспоговорно се краде народот.

Целта да се заплашат луѓето и да се влијае врз пратениците, и треба да знаат дека само така си го покажуваат вистинското лице на режимот и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прави компромис со криминалци како Заев кои се преставуваат за власт. Тој кој заштитува криминалци и прави пактови со нив, како што покажува времето е единствено Зоран Заев и неговите луѓе.Никој, ама баш никој од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ниту се плаши, ниту пак ќе потпадне под притисоците на Заев и СДСМ кои се обидуваат со кривичен прогон да ги покријат сите рекети, скандали, афери и испумпани пари“, се додава во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје

Среќна Нова Година од екипата на 24инфо!