Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките за земјоделците требаше да се реализираат од април, но власта ги остави на цедило

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките за земјоделците требаше да се реализираат од април, но власта ги остави на цедило

СДСМ и Зоран Заев се синоним на лагата и неспособноста. Поради нив Македонија е во тешка криза и излезот од таа криза е нивното заминување од власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сметаат дека мерките со кои СДСМ денес се фали, требаше да бидат реализирани многу порано, но за жал, како што велат, поради лошите економски политики и приоритети на власта на Заев, земјоделците и тутунарите беа оставени на цедило.

„Замислете овие средства со кои денес во ноември 2021 година се фали СДСМ се предвидени во пакетот ИТНИ мерки од април месец. Цели 8 месеци доцни “итната исплата“. Дополнително овие средства се однесуваат на откупен тутун од ланската реколта, откуп кој почна ноември-декември 2020 година. Цела една година тутунарите ги чекаа овие средства за да ги покријат загубите поради лошата полтика на Заев И СДСМ. Но власта на Заев целиот овој период беше посветена на трошење на парите на граѓаните за поткуп на избори, матни зделки и криминални тендери и затоа парите не завршуваат навреме онаму каде што треба“, пишува во писмената реакција од опозицискатa партија.

Додаваат дека заради лошата политика на власта на Заев резултатите на изборите се такви какви што се и кризата со Заев само може да се продлабочува.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт