Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Лекот „Ивермектин“ навидум е стигнат во државава, ама реално го нема

ВМРО-ДПМНЕ: Лекот „Ивермектин“ навидум е стигнат во државава, ама реално го нема

 

Министерот за здравство, Венко Филипче излажа за лекот Ивермектин, кој го нема во доволни количини, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Уште еден пропуст во низата на Венко Филипче во процесот на лечење на граѓаните со корона. Единствениот лек, влезен во светски протоколи дека помага во лекувањето на пацинетите, Ивермектин навидум стигнат во државава, ама реално го нема.
Граѓаните цел ден трчаат по матичните да им го препишат, а матичните велат немам никакви насоки од министертвото за здравство“, наведува опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека министерот Филипче требал да го набави лекот на време, а неопходно е и навремено им дал насоки на матичните и на специјалистите за издавање на рецепти.

„Наместо следење на светските протоколи за лечење корона, Филипче се држи до логиката која функционира во локален маркет или „прв дојден, прв услужен“. Филипче треба и мора да знае дека станува збор за здравје и живот на граѓаните. Затоа треба да ги следи светстките протоколи за лекување на болните од Ковид-19“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт