Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: „Лајка“ ќе биде место за убиство на кучиња

ВМРО-ДПМНЕ: „Лајка“ ќе биде место за убиство на кучиња
Img 5587

Градоначалникот на Град Скопје манипулира со целата јавност и со друштвата за заштита на животни кога вели дека со отворањето на така наречениот стационар „Лајка“ ќе го реши проблемот со кучињата скитници на територијата на Градот, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека во јавното се вработени исклучиво партиски луѓе кои 17 месеци земале плата, а не оделе на работа.

Ss1

Иако како што вели градоначалникот дека стационарот е реконструиран со донации, велат од ВМРО-ДПМНЕ, тој умешно ги крие и ја лаже јавноста за потрошените пари од градската каса во висина од 30.000 евра за набавки на мебел и канцелариска опрема.

„Градоначалникот манипулира со јавноста и дрско лаже дека проблемот со бездомните кучиња е решен, како што самиот се пофали дека ова е само едно привремено живеалиште на бездомните кучиња, таму ќе се стерилизираат и потоа повторно ќе бидат пуштени на улицата од кај што ќе бидат заловени и со самото тоа проблемот не се решава, повторно ќе гледаме кучиња како напаѓаат луѓе, повторно ке гледаме неубави глетки со труење на кучиња и сообраќајни незгоди предизвикани од кучињата по улиците. Петре Шилегов ги излажа и изманипулира сите активисти кои се борат за права на бездомните кучиња како и друштвата за заштита на миленици. Во овој стационар кој е со нелегална програма за работа и истата е сомнително донесена без да се консултираат друштвата за заштита на животни и активистите се вели дека куче кое е со најмала болест ќе биде еутанизирано односно убиено, а не излекувано. Петре Шилегов ја отвори ‘Лајка’ за да го реши проблемот со бездомните кучиња на начин што истите ќе ги убие и наместо урбано чување на бездомните кучиња и третман во стационарот – ‘Лајка’ ќе биде местото на злосторот на кучињата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата повикува на итно повлекување на, како што велат, спорната програма за работа и изработување на нова со консултација на сите друштва за заштита на животни.

„Постојат големи сомнежи со ова партиско јавно претпријатие за кое сме сигурни дека е отворено за парење на пари и за се останато освен за професионален стационар и третман на бездомните животни и решавање на долгогодишниот проблем во кој се соочува нашата метропола. На Скопје му треба стационар како во европските метрополи, стационар во кој бездомните кучиња ќе бидат собрани од улиците и ќе имаат третман во стационарот кое ќе биде нивно трајно живеалиште со одлични услови“, се наведува во соопштението.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт