Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кој ќе му поверува на Спасовски дека полициски службеници без знаење на претпоставените давале пасоши на нарко босови?

Возач пукал кон комбе во движење на бул. Александар Македонски

Кој ќе му поверува на Спасовски дека полициски службеници без знаење на претпоставените давале пасоши на нарко босови? – реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Правната држава завршува таму каде СДСМ, Заев и Спасовски почнува. Кој нормален ќе поверува дека полициски службеници сами, без знаење на претпоставени кои се поставени директно од Спасовски сами издавале пасоши на нарко босови?

Според мафијашката власт службеници се криви за пасошите за нарко босови?

Маргиналци се криви за државниот рекет каде никогаш не се расчисти каде завршија парите?

Никој не е крив ниту за туцето пари на Ден Дончев кој избега во Австралија?

Никој не е крив ниту за бегството на Мијалков?

Никој не е крив, зашто Владата на Заев е мафијата, а врана на врана очи не вади.

Ќе одговарате, час поскоро“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Како руските агенти влијаеја на црковните и политичките процеси во Македонија

СДСМ: МВР под ВМРО-ДПМНЕ е неспособно и без контрола врз криминалот

Забрана за сообраќај на товарни возила на патот Маврово – Дебар поради обилни врнежи од снег