Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да каже што тајно преговара тим од владата во Софија

Ковачевски да каже што тајно преговара тим од владата во Софија, дали основата е предлогот кој ги уништи Македонските позиции?!, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Што бара владиниот тим во Софија и дали Ковачевски повторно ќе кажува дека не го видел предлогот кој го преговараат негови луѓе? Ковачевски со неговото лажење и манипулирање ја загрози државата. Трајно се нарушени Македонските позиции. Ковачевски ја загрози и Македонската евроинтеграција“, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Со предлогот каков што го преговараше Ковачевски, додаваат од партијата на Мицкоски, Македонија за да влезе во ЕУ треба да се бугаризира.

„Од првичните намери беше спречен од народот, академската заедница, новинарите, колумнистите и ВМРО-ДПМНЕ. Дали сега повторно на мала врата преговара нешто кое удира по Македонските црвени линии, па после ќе кажува дека не го видел предлогот. Не поминуваат веќе лагите на Ковачевски. Избори веднаш“, посочуваат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Петрушевски: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права 

Алиу: Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Уапсен скопјанец, при претрес пронајден кокаин подготвен за продажба