Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Како што се наближува изборниот пораз, Заев станува сè понервозен

ВМРО-ДПМНЕ: Како што се наближува изборниот пораз, Заев станува сè понервозен

Коалициски партнери и самите членови на СДСМ гледаат дека со Зоран Заев нема ни напредок, ни демократија, ни слобода, ни право, ни принципи, велат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Самите говорат дека веќе СДСМ е претворена во приватна фирма на Заеви која работи исклучиво за бизнис интересите на мафијашкиот клан. Дел од коалициските партнери го напуштија СДСМ, нивни градоначалници одат самостојно, а Заев на тоа одговара со исклучување, јавен линч или етикетирање“, се наведува во партиското соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, тоа е недемократското лице на Заев и неговиот, како што велат, хибриден режим во кој тој одлучува, а органите формално само прифаќаат.

„Не може да очекувате демократски капацитет од човек кој говори дека за градоначалник не кандидира личности туку партиски пиони од кои во еден случај е братучед на Оливер Спасовски, а во друг случај бизнис партнер на Вице Заев“, обвинуваат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев очигледно е очаен, а како ќе наближува изборниот пораз ќе биде, како што велат, се понервозен и уште повеќе ќе се одлепува од реалноста.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт