Скопје, 27 мај 2020
На 14 април биле дијагностицирани 26 заболени од Ковит 19. На Велигден 37 новозаболени, а само пред два дена беа дијагностицирани 40 инфицирани.
Пред месец дена, за Велигден, Заев, Филипче и владата го прогласија најдолгиот четиридневен карантин, а сега со истите бројки ги укинуваат сите мерки и препорачуваат избори.
Здравствените мерки на Филипче и власта на СДСМ доживуваат фијаско.
Македонија и понатаму е единствената земја во регионот кај што корона епидемијата наместо да се стишува, сеуште бележи црни биланси. Во последното деноноќие во Македонија има 16 ново-заболени и тројца починати од корона вирусот.
Состојбата е далеку од нормализирана. Филипче, Заев и СДСМ сакаат да организираат брзи избори, само за да го ублажат поразот, иако секој ден наши граѓани се разболуваат и умираат од корона вирусот. Ним им е битно само да ја зачуваат политичката кариера, а не здравјето и животите на граѓаните.
Заради тоа што политиката, а не здравството им е приоритет, Македонија е рекордер во регионот по смртни случаи на милион жители. Заради нивната неодговорност и политиканство Македонија е во врвот по заболени на милион жители. Заради тоа што не сакаат јавноста да ја дознае катастрофалната епидемиолошка слика , Македонија е на дното по спроведени тестирања.
Македонија прво мора да ја порази корона епидемијата, а потоа ќе ја порази епидемијата од неодговорност и неспособност на Зоран Заев и неговата власт.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.