Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: За два дена Заев ја задолжи Македонија за 850 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ: За два дена Заев ја задолжи Македонија за 850 милиони евра

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека и денеска ќе блокира неколку крстосници во Скопје. Од партијата најавија и дека во 18 часот ќе одржи протест пред кривичниот суд. Од таму велат дека ќе останат на барикадите со народот сè до враќањето на правната држава.

„Измислувањето и конструирањето обвинение за тероризам против луѓе кои не сториле ниту прекршок во својот живот е класичен политички реваншизам против сите кои не се согласуваат со антидржавните политики и имаа храброст тоа јавно да го кажат. Да се прогласат за терористи луѓе кои никогаш не држеле оружје в рака и истите да се изедначат со терористите од Диво Насеље кои убија осуммина бранители е срамно и недозволиво“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека притворањето уметници, глумци, режисери, архитекти, пратеници, припадници на безбедносните сили и луѓе кои беа дел од иницијативата „За заедничка Македонија“ со конструирано обвинение за тероризам е акт на безумие и политичка тортура.

„Во момент кога владата на Заев ослободува криминалци и убијци и најавува меѓународни комисии за терористите од Диво Насеље, органите на прогонот по негов налог се изживуваат врз чесни патриоти чиј единствен грев е што си ја сакаат татковината. Република Македонија е заробена држава од хунтата на власт. Човековите права и слободи повеќе не важат. Ги укина лично злосторничката банда на Зоран Заев“, се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека службените лица се изживуваат и ги фотографираат неправедно притворените, а потоа ги испраќаат фотографиите до медиуми под контрола на СДС за да му се пофалат на Заев што направиле.

„Доколку овие лица немаа наредба од највисокиот партиски врв на СДС за да го прават ова, досега ќе имаше кривична пријава и против нив и против директорот на Истражниот затвор ‘Шуто Оризари’, а невладините организации и новинарските здруженија ќе ги осудеа медиумите.  Реакција нема затоа што овие лица не ги кршат човековите права на своја рака туку тоа го прават по нечиј налог. По налог на оној кому му пречи пеењето на химната на Република Македонија и кому му пречи идејата ‘За заедничка Македонија’. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ова лудило да продолжи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата најавија дека денеска ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 до 17 часот: крстосницата кај Мавровка; крстосницата помеѓу улиците Васил Чакаларов и Ангел Динев во Карпош; крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

ВМРО-ДПМНЕ ќе организира и протест пред Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска во 18 часот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“