Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ започна со подготовка за локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ започна со подготовка за локалните избори
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Наместо да им помогне на оние кои што се погодени од кризата, власта разочара од досегашниот пристап, истакна лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по посетата на Старата Скопска чаршија.

Од ова место, како што потенцираат од партијата, ВМРО-ДПМНЕ ја започнува подготовката за локалните ибори.

Преку разговорите со занаетчиите, Мицкоски бил запознаен со нивната економска состојба.

„Занаетчиите ја пренесоа нивната загриженост околу моменталната економска  состојба во државата. Се разбира ја споделија грижата и од последиците од пандемијата кои што самите ги чувствуваат и околу тоа  како понатаму ќе се развива државата“, рече Мицкоски. Додаде дека, проблемите на граѓаните се големи а  власта се обидува да  прикаже розева слика, додека,  реалноста  како што рече е сосема поинаква.

„Реалното чувство на граѓаните, на стопанствениците, на занаетчиите е сосема спротивно од она што се обидува владата да ни го прикаже. Тука денеска почнуваме симболично, продолжуваме понатаму секој ден. Покрај ова ќе имам состаноци и со комитетите на партијата, излегуваме на терен и очекуваме голема победа“ истакна Мицкоски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

АХВ: Уништени над 624 килограми небезбедна храна пред празниците

Државата ќе набави пет нови локомотиви за 21 милион евра

ДПИ: Во декември времено затворени 26 угостителски објекти