СДСМ дозволи и ги охрабрува криминалните банди да владеат со улиците, оценуваат од опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ.
„Оливер Спасовски наместо да се бори со беззаконието, ги користи криминалците да вршат терор врз народот. Последниот случај со три запалени возила во Прилеп, меѓу кои и возилото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески е доказ дека власта и подземејето се во коалиција. Пратеникот Ристески кој јавно говореше против анационалните политики на власта на СДСМ и кажа дека нема да поддржи измена на Уставот, беше цел на нападот на полициско-мафијашките структури. Токму вакви структури се инспираторите на палењето на возилата“, велат од партијата на Мицкоски.
Но ваквите методи на заплашување и тероризирање, додаваат од таму, не поминуваат.
„Никој веќе не се плаши од заканите на СДСМ. Народот гласно кажува НЕ и народот ќе му плати на СДСМ за притисоците кои ги врши. Доаѓа времето на одговорност и центрите на оваа страховлада ќе одговараат“, се потенцира во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.