Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се крие и не го кажува ставот за Делчев и македонскиот јазик

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со СДСМ и Заев секој ден доживува нов пик на заразени од Ковид-19

„Зоран Заев се крие од македонската јавност и не сака да го каже својот став за Гоце Делчев и македонскиот јазик.Заев спрема Декларација на договорот со Бугарија, за кој тврдеше дека е финален и ги затвора сите отворени прашања со Бугарија, и дека истиот ја гарантирал европската иднина на државата. Сега гледаме дека Зоран Заев ги лажел граѓаните. Договорот кој го потпишал ниту е финален, ниту ја гарантира европската иднина на државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Зоран Заев целиот мандат го помина во потпишување на некакви договори, а земјата тапка во место.

„Зоран Заев нема став и не ги осудува нападите кои доаѓаат кон Македонија.Зоран Заев молчи и по прашањето дали навистина сака да го направи македонскиот народ геноциден народ, работа за која во јавноста проговорија некои македонски историчари.Зоран Заев како премиер ги обременува и државата и народот со работи за кои не се преговара.Зоран Заев треба да знае дека ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува продавањето на Гоце Делчев и македонскиот јазик и дека секој негов договор за тоа нема да биде почитуван од ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде поништен со нашето доаѓање на власт“, се вели во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт