Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче тераа политичка агенда, поради доцнење на мерките 10.000 новозаразени

(Видео) Владата најави поголема достапност на лекови за лицата со ретки болести
Ss2

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагирaaт за состојбата со коронавирусот во нашата земја.

„Уште еднаш се покажа дека власта на Заев и Филипче абер немаат од стратегија за справување со Ковид кризата, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Пред пет дена скандалозно тврдеа дека нема ефект од нови мерки бидејќи вирусот е широко раширен. Ефектот од задоцнетите мерки се скоро 10.000 нови заболени и 300 починати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ss1

Тие потсетуваат дека експертите и јавноста претходно предупредуваа дека нов бран и се заканува на Македонија, но нив како што велат, мува не ги лазеше, се возеа со мотори и патуваа со хеликоптери.

„Поради политика Заев и Филипче дозволија вирусот масовно да се прошири а граѓаните да се заразуваат и умираат. Во овој период кога во црно се завија стотици семејства, тие организираа внатрепартиски избори со еден кандидат, правеа циркус во Собранието, правеа настани, подготвуваа попис и тераа инает со здравиот разум. Патем поради криминогени побуди и поради неспособност не набавија навреме вакцини за масовна имунизација на населението. Македонија е на дното по вакцинација и на врвот по смртност во светот. Но Филипче и Заев се оперирани од чест, срам и одговорност“, додавааат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт