Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски ја пропаднаа државата, МВР не издава лични карти, пасоши и регистарски таблички

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски ја пропаднаа државата, МВР не издава лични карти, пасоши и регистарски таблички
Ss2

Оливер Спасовски беспрекорно брзо издаваше пасоши на криминалци, а граѓаните се потешко доаѓаат до патни исправи и регистарски таблици, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасовски наместо во служба на народот очигледно е само во служба на мафијата. Откако на сомнителен тендер, со многу жалби и нарушување на постапката, беше одлучено набавката на регистарски таблици да се додели на фирма која не располага со сертификат од Меѓународно акредитирана лабораторија, кој потврдува дека регистарската табличка е во целост усогласена со меѓународните стандарди, таблички за возила нема“, стои во писменото соопштение од опозициската партија.

Ss1

Тие велат дека Оливер Спасовски упорно ја лаже јавноста дека сите станици за технички преглед имаат добиено таблички за регистрација, ситуацијата на терен е сосема поразлична.

„И ако издавањето на лични документи за светските криминалци одеше беспрекорно, граѓаните се потешко доаѓаат до пасош или лична карта. Колапс во најава имаме и на систем за издавање на лични документи и тоа во очи на сезоната на летни одмори кога интересот за вадење документи е голем, а дополнително се очекува истиот да се зголеми со враќањето на иселениците“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според тврдењата на оваа партија пред просториите на управните служби во Скопје, колони луѓе чекаат за вадење на лични документи, на голем број луѓе како што посочуват им се поместени термините, а голем број преку ред се обидуваат да добијат термин бидејќи и закажувањето преку телефон оди со тешкотии и речиси е невозможно да се добие слободна линија на бројот за закажување.

„Хаосот со кој се соочуваат граѓаните не допира до Спасовски кој упорно тврди во јавноста дека проблем со издавање на документи и таблички нема“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму бараат министерот Спасовски да ги зајакне и екипира секторите и одделенијата кои пружаат основни граѓански услуги.

„Изминативе 6 години за повеќе од тројно е зголемен бројот на негови советници и лица со измислени функции во МВР, со што само се вдомени партиски поддржувачи и ПР активисти. Граѓаните и нивната потреба од важечки личен документ, регистерска табличка или било каква дозвола која ја издава МВР е тотално небитна за Оливер Спасовски. Спасовски да си ја врши работата за која е платен од граѓаните. Народот не е должен да ја трпи неспособноста на СДСМ“, е напишано во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт