Во текот на овие три години, речиси да нема ниту еден сегмент од земјоделието да не се соочи со проблеми, а власта на Заев наместо да нуди решенија, се фрли на криминал и корупција, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
„На земјоделците им ветуваа загарантиран откуп, високи цени и нови пазари, а наместо тоа бевме сведоци како се пали тутунот, јаболката, раноградинарските производи, лубениците беа фрлани на буниште, млекото истурано по патиштата. Кога земјоделците дојдоа на протести, полициски оклопни транспортери беа поставувани пред Владата за да го штитат Заев од народот“, стои во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДМПНЕ истакнуваат дека нема ништо ниту од ветениот интеревентен фонд кој бил најавуван во 2016 година, а со кој требало да се обештетуваат земјоделците во услови на непогоди или ниски откупни цени.
„Едно исто земјоделско земјиште го доделуваа на двајца различни субјекти, а субвенции и државна помош добиваа лица од партиски списоци или блиски на функционери на СДСМ“, се наведува во соопштението во кое се додава дека земјоделците веќе знаат дека во ВМРО-ДПМНЕ имаат сигурен партнер во развојот и унапредувањето на земјоделието.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Заев ветуваше сигурен откуп за земјоделците, а пред Влада ги дочека со оклопни транспортери е превземен од МАКФАКС.