Заевизмот ги крие клучните документи поврзани со преговорите со Бугарија. Тоа значи дека оваа власт се обидува нешто тајно да испазари на сметка на македонскиот национален интерес, македонскиот јазик, историја и идентитет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека да било се чисто, власта на заевизмот и пиунот Ковачевски јавно ќе ги објавеа интегралните одговори од пакетот 5+1 кој пред неколку месеци им го дале на Бугарија.
Пиунот Ковачевски и Бујар Османи треба итно да ги објават интегрално одговорите од пакетот 5+1, а не да прераскажуваат и да вртат од околу. Народот и јавноста се доволно мудри да прочитаат и да разберат што содржи овој документ.
Јавноста бара што точно формулирала власта на заевизмот во овие одговори. Народот не верува во колнење во воздухот, жиците и децата, затоа што Зоран Заев еднаш излажа, па не е чудо неговите поклоници и пиунот пак да излажат.
Господа од власта дајте ги на увид документите, и не ја замајувајте јавноста со приказни и колнења, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.