6 април 2020
Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните „Вашите проблеми, заеднички решенија – Ја сакам Македонија“, до партијата секојдневно пристигнуваат десетици сугестии, предлози и проблеми со кои се соочуваат граѓаните.
Жители на главниот град предложуваат Владата да организира волонтери коишто почитувајќи ги безбедносните и здравствените прописи би можеле да им помагаат на стари и изнемоштени лица, како и на сите оние на кои им е потребна помош, а не можат да ги напуштат своите домови.
Жител на скопската населба Аеродром вели дека предложениот алгоритам на надлежните за одредување на лица за тестирање не дава резултати. Пледлага да се тестираат сите лица со хронични заболувања преку нивните матични лекари.
Граѓаните ја критикуваат владината уредба со којашто им се исплатија платите на СЈО, велат дека треба да се изнајде начин тие приноси да се одложат за 6 месеци по завршување на кризата, за да се поштеди буџетот од дополнителни вакви трошења. Некои од предлозите се да се сведат на минимум непотребните издатоци од страна на институциите и тоа по основ на патувања како и користење на службени возила, како и да се стопираат веќе отпочнатите постапки за вработување, а дневници за прекувремена работа да се исплаќаат исклучиво само за АРМ , полицијата и здравствените работници.
Десетици поплаки од граѓаните, тие се изреволтирани од досегашните мерките на владата и прашуваат како можат некои земји од регионот да наоѓаат финансиски средства и да им помагаат на сите свои граѓани, очигледно оваа влада е многу горделива и не прифаќа туѓи препораки, прашуваат зошто владата до сега не побара помош од големите земји.
Денеска сме сведоци на протести од страна на дуќанџиите, здружените занаетчии и нивниот револт е доказ дека сите ветувавања коишто се слушнаа од владата дека ќе помогнат во кризата се попусти, се било лага. Ниеден нивен
предлог или барање не е прифатен. Власта ги пушти занаетчиите да се снаоѓаат за нивната егзистенција, наместо да ги заштити.
Има недостапност на мерките за социјална заштита, истите не стигнуваат до секого, не секој граѓанин на којшто му е потребна социјална помош од МТСП е опфатен со нужна заштита од државата, на работ на егзистенција со 4.600 денари парична помош не се живее, вели жител на Скопје.
Ги повикуваме граѓаните предлозите и сугестиите и натаму да продолжат да ги проследуваат по пат на електронска пошта до zaednicki.resenija@vmro-dpmne.org.mk.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со овој начин на комуникација и нудење на заеднички решенија, затоа што ја сакаме Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.