Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Дарко Каевски пред да зборува за било што, да објасни како стигна до 4 милиони, стан и хациенда

ВМРО-ДПМНЕ: Дарко Каевски пред да зборува за било што, да објасни како стигна до 4 милиони, стан и хациенда

„Дарко Каевски пред да зборува за  што било да објасни како стигна до 4 милиони, стан и хациенда дивоградба на 30 години. Дарко Каевски е синоним за политичар со сомнителен стекнат капитал“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Каевски.

„Каевски има само 30 години, а има 4 милиони на сметка. Тој сам во својот анкетен лист навеле дека купил стан од над 60м2, за кој не зел ниту кредит, туку сам го платил. Каевски додека беше директор на АМС, ја направи својата хациенда дивоградба во Волково со отворен базен“, е потенцирано во писмената реакција од опозициската партија.

Појаснуваат дека Каевски на јавноста, а во догледно време и на институциите ќе треба да им објасни како на 30 години со функционерска плата од 60 илјади денари стигнал до имот од десетина милиони денари, и 4 милиони на сметка.

„Кога ЈО и судството нема да бидат заробени од СДСМ, Каевски ќе треба да одговара, затоа е нервозата кај Каевски, кој знае дека не може да побегне од последиците на своите дела“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт