Здравствениот систем e во катастрофална сосотојба, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако според нивната анализа по неколку десеттина лица умираат секој ден од коронавирус.
„Лекови нема, болнички кревети нема, лекари и воопшто медицински персонал нема. Секако нема ниту вакцини, ниту е вакциниран медицинскиот персонал, ниту е доволна оваа количина од „Ковакс“ механизмот, која и доцни. Граѓаните ја преплавија Србија за да се вакцинираат“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, министерот за здраство Филипче и премиерот Заев не се интересираат за таквата состојба.
„Зошто би се интерсирале?! Филипче и Заев си возат мотори, се релаксираат. Власта се релаксира, граѓаните се борат за живот. Ова е Македонија водена од Заев“, стои во писменото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие напоменуваат дека на таквото однесување мора да му се стави крај и дека Заев и Филипче како што потенцираат, мора да одговараат!