Утрински Весник
Свет

Бебе преживеа при уривање на десеткатница во Каиро

Бебе преживеа при уривање на десеткатница во Каиро

Спасувачките екипи пронајдоа шестмесечно бебе кое преживеа во падот на десеткатница во Каиро, соопштија египетските власти.

Мајката, таткото и сестрата на детето биле пронајдени мртви. Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по постариот брат на бебето.

Најмалку 25 лица загинаа при уривање на зграда во популарната населба „Каиро“.

Неколку згради се срушија во последните неколку години во Египет, и имаше многу жртви во тие несреќи.

Причините се најчесто дотраеност на зградите или непочитување на урбанистичките прописи.

Можете да прочитате

Кос: Светот се промени, мора и процесот на проширување

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба

Кремљ: Американската идеја за слободна економска зона во Донбас е тешко остварлива