Градоначалниците на СДСМ од Дојран и Василево треба да се во затвор, а не кандидати, а Смилевски од Бутел да конкурира за Пинокио, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Анго Ангов градоначалник на Дојран и Марјан Василев градоначалник на Василево се фатени и документирани како вршеле поткуп за време на минатогодишните избори. Ангов и Василев требаше до сега да имаат завршен случај, а тие наместо како кандидати да се јавеа на главна капија во Идризово. Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски може не се истакнал колку своите колеги Ангов и Василев, но затоа се истакна во лажење. Смилевски вети и не направи водовод во Љуботен. 4 години подоцна од локалните избори во 2017 година, Љуботен е уште без вода“, стои во писменoто соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија потсетуваат, дека Бутелчани како што велат, се лекуваат во поствоени бараки.
„Смилевски вети поликлиника, а луѓето уште газат во кал кога ќе заврне дожд и сакаат да идат на лекар. Смилевски вети многу, а не направи ништо. Наместо за градоначалник нека конкурира за пинокио, можеби затоа ќе го изберат, зошто за градоначалник не поминува. Време е кадрите како Ангов, Василев и Смилевски да си заминат“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.