Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се на терен од прв ден, се откажуваат од привилегиите

ВМРО-ДПМНЕ:  Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се на терен од прв ден, се откажуваат од привилегиите

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се на терен од прв ден, се откажуваат од привилегиите и ќе започнат 3 капитални проекти уште првиот месец, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека со самото стапување на функцијата градоначалник, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ излегле на терен и почнале со средување на општините, зголемување на хигиената, чистење на дивите депонии, уредување на шеталиштата.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот состанок со градоначалниците упати порака тие да се откажат од привилегиите кои ги носи нивната функција, и да не користат службено возило за приватни цели и надвор од работните обврски, како и да не ги употребуваат картичките за ручеци освен кога имаат делегации или работни средби. Скромноста мора да биде одлика на секој јавен функционер“, е потенцирано во партиското соопштение.

Дополнително како што се додава, Мицкоски им кажал на градоначалниците дека граѓаните очекуваат проекти и сработување на ветеното, а во таа насока уште во првиот месец ќе отпочнат со 3 капитални проекти во секоја општина, најавуваат од партијата на Мицкоски.

Во соопштението се подвлекува дека граѓаните очекуваат резултати а промените мора да се случуваат бргу.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт