Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Во три години владеење на СДСМ, во АД МЕПСО не постои ниту еден реализиран проект во енергетиката во целост

ВМРО-ДПМНЕ: Сочувство за семејствата на нашите сограѓани кои ги загубија најблиски заради коронавирусот

 

Скопје, 26 мај 2020

Изјавата на Спасовски е смешна од две причини.

Спасовски вели ја обновиле и модернизирале инфраструктурната електроенергетска дистрибутивна мрежа. Прво, дистрибутивната мрежа не е сопственост на МЕПСО, туку на АД ЕВН Македонија, па оттаму не е јасно дали Спасовски знае за што всушност зборува.

Се работи за постоечки 110 КВ далновод на кој досега претставниците од власта се имаат сликано три, четири пати. Уште поранешниот директор Сашо Василевски се сликаше пред истиот објект неколку пати, па потоа Заев со директорката Шуклева и сега Спасовски.

СВР Штип на втори јануари оваа година, има поднесено кривична пријава дека АД МЕПСО ангажирала фирма од Албанија да реконструира далекувод, која усно направила договор со вработен во Државен пазарен инспекторат. Од оваа постапка и кривичните дела за кои се товарат лицата, сеуште јавноста ништо не виде, а била предизвикана материјална штета од 21.269.755 денари.

Како може одговорните лица во МЕПСО да дозволат нестручни и неподготвени компании да работат на објекти од исклучителна важност за државата? Инспекциските служби дали работат или важно им е само да се сликаат и да се фалат дека нешто работат. Оваа влада нема контрола врз надворешните компании кои им ги работат проектите, затоа што со своето недомаќинско работење не е способна да ги реализира ни веќе почнатите проекти од областа на енергетиката.

Далноводот очигледно е само за сликање. реално истиот се уште не е завршен.

Досега во трите години владеење на СДСМ, во АД МЕПСО не постои ниту еден реализиран проект во целост. Владата не знае да развива проекти, се служи со скап пи-ар за набројување по неколку пати на нереализирани инвестиции.

За разлика од СДСМ, во своето претходно владеење ВМРО-ДПМНЕ може да се пофали со бројни инвестиции во преносната мрежа, затоа што не сме исти.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт