Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден кога се фали СДСМ, демант стигна од Бугарија? Имено, според препораките Цар Самоил, Св. Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски наместо македонски ќе се чествуваат како заеднички историски личности со Бугарија. Владата и Ковачевски го пробија дното. Има ли кормило во бродот кој тоне, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека Владата, Ковачевски, Османи и Маричиќ се откажаа од се што е македонско и прифатија Цар Самоил да е бугарски цар, а Кирли и Методиј, Св. Климент и Наум Охридски твореле во бугарска држава.

Препораките на комисијата се да се менуваат учебниците по историја во Македонија, со ова Ковачевски и СДСМ свесно се откажува од македонската историја и македонскиот идентитет.

СДСМ и Ковачевски секој ден вршат национално предавство на македонскиот народ и држава.

Наместо да излегуваат на прес конференции и да даваат паушални изјави, и предавството да го претставуваат како победа, веднаш да се охрабрат и да прифатат референдум за народот да може да одлучи, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Нов пожар кај Смилковско Езеро – прекинат сообраќајот

Јавноста шокирана: Дете врзано со јажиња – МВР преземаат мерки

Владата задоцни, народот сам гаси, Димитриевиќ од Дојран со жестока критика