Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Во Влада, во затворен простор не носат маски – Ковачевски да понесе одговорност

ВМРО-ДПМНЕ: Во Влада, во затворен простор не носат маски – Ковачевски да понесе одговорност

Владата на Ковачевски ги крши здравствените протоколи и го загрозува здравјето и животот на граѓаните. Во влада не се носат маски, иако тоа е пропишано за секој граѓанин и за секој затворен простор. Лицемерите од СДСМ се водат по правилото слушај ме што зборам, а не ме гледај што правам, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Таму кај што застана Заев со прекршувањето на закони, прописи и ограничувања, продолжи пиунот Ковачевски. Ковачевски треба да биде пример и оттука одговорноста кај него е многу поголема од било кој друг граѓанин.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат бидејќи Ковачевски крши закони и правила и загрозува здравје на граѓани сред пандемија, очекуваме Државниот здравствен инспекторат да му поднесе кривична пријава.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт