Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Власта го поттикнува негаторскиот однос кон македонскиот идентитет

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба до Управниот суд во која ја обжалува одлуката на ДИК

 

Скопје, 4 мај 2020

Зоран Заев и натаму ја лаже македонската јавност со раката на срце и благо наведната глава. Ниту тој ниту било кој друг функционер на СДСМ не смогна сили да го осуди срамниот документ од Бугарија кој ја загрозува нашата европска перспектива и претставува нова блокада на патот кон ЕУ.

Срамно е на овој ден кога го паметиме и се сеќаваме на големиот македонски великан, 4 мај-денот кога загина Гоце Делчев да лаже за македонските корени и јазик.

Политиката на власта го поттикнува негаторскиот однос на нашите соседи кон нашиот идентитет.

Македонската економија исто така е жртва на катастрофалните политики на власта, буџетската дупка од ден во ден е се поголема. Илјадници наши сограѓани се оставени без извор на егзистенција и не знаат како ќе го поминат месецот.

Покрај економската загрижува и здравствената состојба, бројот на тестови наместо да се зголемува од ден во ден се намалува. Нормално е да се детектира помал број на заразени во вакви услови. Власта намерно го крие вистинскиот број на заразени со единствена цел брзи избори на кои дефакто здравјето на граѓаните ќе биде загрозено.

Потценувањето на СДСМ на македонските граѓани набрзо ќе биде казнето.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт