Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата се задолжува 900 милиони за ДУИ да прави криминал

Dik 300x250 mk

Владата се задолжува 900 милиони за ДУИ да прави криминал, за таа цел бизнисмен близок до партијата станал сопственик на градежна фирма, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што тврдат, 900 милиони евра кои ги најавува власта како ново задолжување се пари кои треба да поминат преку ДУИ. За таа цел, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатава недела бизнисмен близок до ДУИ влезе во сопственичката структура на една стара македонска градежна фирма.

„Овие 900 милиони евра ќе бидат наменети во поголем дел за проект кој подолг период го најавува ДУИ, а оваа градежна фирма треба да биде дел од тој проект. Така парите од задолжувањето ќе поминат преку луѓето на ДУИ. Сите во иднина ќе плаќаме, за бизнисмените блиски до ДУИ да нижат огромни профити“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Угостителските услуги во октомври поскапи од лани за 3,9 отсто

Над шеесет компании од Северна Македонија и Грција учествуваа на бизнис-форумот во Стопанската комора

МИЛО ЃУКАНОВИЌ ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС”: „МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС ИМАШЕ СОЛИДНА ОСНОВА И ТРЕБА ДА ГО ПРОДОЛЖИ СВОЈОТ РАЗВОЈ”