Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Весковски го крие Шилегов, така влегува во уште поголемо кривично дело

ВМРО-ДПМНЕ: Весковски го крие Шилегов, така влегува во уште поголемо кривично дело

ЈП Водовод преку соопштенијата и прес конференциите кои ги прават призна дека Душко Весковски сторил кривично дело и дека најпрвин ја реализирал реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. „Варшавска“ во месец август, па дури потоа на први октомври согласно документите кои што тие ги испратија како демант распишале тендер за да ја исплатат фирмата која го вршела градежниот зафат, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Душко Весковски прави се за да го сокрие Шилегов. Еден во редицата докази дека Весковски и Шилегов направиле криминал е и барањето за надзор за изградбата на водоводната мрежа на од 24-ти јули 2020 година, односно неколку месеци пред да се распише тендерот за изградба.

Најголем доказ дека фирмата работи без тендер е тоа што јасно надзорот кажува дека нема договор со изведувачот. Надзорот исто така наведува дека на 20-ти август водоводот се завршува и потоа отпочнала со реконструкција на канализационата мрежа.

Весковски и Шилегов се фатени во криминал. Работеле без тендер, а потоа распишувале тендери за да го покријат сработеното од фирмите. Весковски со паничните прес конференции само сака да го прикрие и спаси Шилегов од се поизвесниот пораз кој го очекува.

Криминалното работење на Шилегов како градоначалник фрла сомнеж за тоа како го стекнал својот имот во тек на функцијата која ја извршува, а за кој нема легално финансиско покритие.

Јасно е од каде е имотот на Шилегов, јасно е дека работеле криминално. Само уште Весковски да сфати дека не треба да прави нови криминали да го прикрива првиот на шефот“ се вели во соопштението на партијата.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт