Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Спасовски: „Излезе на виделина убиството кое го криеја“

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Спасовски: „Излезе на виделина убиството кое го криеја“

Излезе на виделина убиството кое Спасовски и Ковачевски го криеја, одговорност во врвот на власта мора да има, порача ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Од снимките објавени во медиумите се гледа како три лица го тепаат починатиот ракометар Тот, а сведоци на настанот се десетина луѓе.

Спасовски и Ковачевски три пати ги менуваа изјавите. Институциите се ставија во погон на прикривање на убиство.

Спасовски и Ковачевски и институциите под нивна контрола ги сменија изјавите кога притисокот на јавноста, медиумите и опозицијата беше преголем.

Како можеше Спасовски и Ковачевски да се дрзнат да прикријат убиство?

Снимките кои ги видоа граѓаните со сигурност им се достапни на институциите уште од сам почеток, зошто не реагираа е прашање во чиј одговор се крие и зошто се обидоа да го сокријат убиството.

Спасовски мора да понесе одговорност. Потребна е оставка веднаш“, порачаа од партијата.

Можете да прочитате

Томовски: Во службените возила ќе се вметне и ГПС со цел зголемување на транспарентноста и контролата

ВЛЕН: Кога ДУИ зборува за ЕУ, граѓаните се потсетуваат на Груевски и Мијалков

Во Македонија има 174 пациенти кои имаат потреба од хормонот за раст – нема листа на чекање