Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Влаховиќ со својот 13. гол, Фиорентина со победа кај Болоња

Влаховиќ со својот 13. гол, Фиорентина со победа кај Болоња
Img 7972

Фиорентина се искачи на петтото место во италијанската Серија А, откако на гостувањето кај Болоња стигнаа до 3:2 победа со уште еден гол на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, кој веќе стигна до неверојатни 13 гола во 16 меча во првата лига.

Јусеф Малех ги донесе гостите на „Ренато дал’Ара“ во водство во 33. минута, но Болоња израмни преку Муса Бароу во 42. минута од мечот. Кристијано Бираги ја врати предноста на Виола во 52. минута, пред Влаховиќ од белата точка во 67. минута од мечот да направи предност од два гола. Шкотскиот тинејџер, Арон Хики најави интересен финиш на мечот кога намали на 2:3 во 83. минута, но на крајот трите поени заминаа за Фиренца.

Фиорентина сега се петти со 27 поени, седум зад Аталанта, и два пред Рома, додека Болоња се осми со 24 поени.

> Влаховиќ со својот 13. гол, Фиорентина со победа кај Болоња <

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг