Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Влахова победи на слаломот во Крањска Гора

Влахова победи на слаломот во Крањска Гора
300x250 opst2

Крањска Гора, 16 февруари 2020 (МИА) – Петра Влхова од Словачка е победничка на денешниот слалом во Крањска Гора во рамки на Светскиот куп во алпско скијање.

Водечката по првото возење, Ана Свен Ларсон, не успеа да остане на скии во второто спуштање по патеката што го искористи словачката скијачка и со вкупно време 1:47:56 минути го освои првото место.

Швајцарката Венди Холденер заостана 24 стотинки и на крајот мораше да се задоволи со пласман на второто место, третото и припадна на Австријката Катарине Трупе ( плус 89 стотинки).

Со оваа победа, Влхова ја мина Шифрин во генералниот пласман во слалом. Словачката скијачка сега има 460 бода, 20 повеќе од нејзината американска колешка која сè уште паузира поради смртта на нејзиниот татко.

Но, Шифрин е водечка во генералниот пласман во Светскиот куп со 1,225 бода пред Италијанката Брињоне која има 1,112 и Влхова со 1,071 бод. сѓд/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН