Утрински Весник
Свет

Властите на Крим со порака до Зеленски: Те чека најдобрата затворска ќелија

Властите на Крим со порака до Зеленски: Те чека најдобрата затворска ќелија
Dik 300x250 mk

Првиот потпретседател на парламентот на Крим, Ефим Фикс, го повика украинскиот претседател да престане да „крека“ по граѓаните на Крим и да им се заканува со враќање на украинската влада.

„Ако сакаат да видат како изгледаат нашите притвори, нека дојдат, ние со задоволство ќе ги прифатиме и ќе им ги понудиме најдобрите ќелии што ги имаме. Кој ќе дојде со меч, ќе умре од меч. Нека знаат нашите непријатели дека не треба да креваат рака и да ‘крекаат’ по Крим, Кримјаните и Русија“, рече Фикс за РИА Новости.

Тој додаде дека секој што ќе дојде без агресија со задоволство ќе биде прифатен на Крим.

„Ве молиме, дојдете, живејте, уживајте во животот. А оние што нè третираат агресивно и ни создаваат проблеми, ние сме подготвени да ги прифатиме, но на сосема друго место  – во затвор“, рече Фикс.

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, претходно изјави дека Крим со задоволство би ја пречекал украинската власт. Зеленски исто така рече дека, откако Крим ќе се врати под Украина, ќе пие шампањ на тој полуостров и тоа од марката „Нов свет’“, пренесе „Спутник“.

Можете да прочитате

Трамп заигра во Малезија: Американскиот претседател ги изненади сите со својот танц

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од бруталното претепување до смрт во Ново Место – Словенија на нозе, паднаа оставки, се бараат радикални мерки

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон