Утрински Весник
Свет

Властите во Париз воведоа детектори на бучава на улиците

Властите во Париз воведоа детектори на бучава на улиците

Властите во Париз, еден од најбучните градови во Европа, го поставија првиот радар за откривање бучава како дел од планот за санкционирање на сопствениците на гласни мотоцикли и други возила кои предизвикуваат бучава.

Првиот радар за откривање бучава е инсталиран на уличен столб на истокот на француската престолнина, објави лондонски „Гардијан“.

Овој радар може да го мери нивото на бучава на возилата во движење и да ги идентификува регистарските таблички.

„ Луѓето се разболуваат од преголема врева, тоа не е добро за нашето здравје и квалитетот на живот. Поставувањето на овој прв звучен радар има за цел автоматски да ги казни сопствениците на возила кои прават преголема бучава“, изјави Дејвид Белијар, заменик градоначалник на Париз.

Париз во следните неколку месеци ќе тестира дали овој радар може точно да ги идентификува регистарските таблички на мотоцикли или автомобили, по што до крајот на 2022 година оваа нова радарска опрема ќе треба официјално да биде одобрена од надлежните органи.

Можете да прочитате

Иранскиот претседател вети одговор на нападот на САД

Украина најавува засилени напади врз воени цели длабоко во Русија

МААЕ: Сè уште не може да се процени штетата под земја во Фордо