Утрински Весник
Македонија

Владина делегација предводена од Груби го посети Музејот на албанската азбука во Битола

Владина делегација предводена од Груби го посети Музејот на албанската азбука во Битола
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По повод Денот на албанската азбука делегација на Владата, го посети Музејот на албанската азбука во Битола.

Делегацијата ја предводеше вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, кој одржа и пригодно обраќање.

Груби истакна дека 22 ноември е еден од трите столба на создавањето на албанскиот идентитет и современиот генетски код, почнувајќи од 10 јуни 1878 година со одржувањето на Лигата на Призрен, со прогласувањето на независноста на 28 ноември 1912 година и претходно со Конгресот на Битола во 1908 година.

„Со напори на владата, во соработка со националната установа Музеј на азбуката, постигнато е реновирањето на овој објект од особено значење за Албанците, во вкупен износ од 240 илјади евра“, нагласи тој.

Груби исто така најави дека Музејот на албанската азбука во Битола ќе биде дополнително збогатен со придонес на Националниот музеј на Албанија. Тој рече дека разговатал и со косовскиот амбасадор Ѓерѓ Дедај од кого побарал истото да го направи и Косово.

Во делегацијата покрај Груби учествуваа и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири и државниот секретар во министерството за култура, Валмир Азири.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје