Утрински Весник
Македонија

Влада: Потребата на родителите да не одат на работа е беспредметна

Владата: Не сме одзеле ингеренции на ниту една општина во областа на управувањето со отпадот

Обезбедена е целосна грижа и доволно места за децата во градинките, единствен логичен чекор е родителите да се вратат на своите работни места, велат од Владата, во врска со реакциите на дел од родителите кои досега ја користеа мерката продолжено породилно отсуство. Од таму велат дека градинките се отворени и имаат доволно капацитет, па од тие причини потребата на родителите да не одат на работа според Владата е беспредметна.

Од Владата велат дека одлуката сите родители на деца од 0 до 6 години, кои досега беа ослободени од работниот процес, да се вратат на работа почнувајќи од 23 септември, е донесена по претходна анализа и консултација со Комисијата за заразни болести.

„Со отворањето на установите за згрижување и воспитување деца на 9 септември и анализата која покажа дека градинките имаат капацитет да ги згрижат децата согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца, кој на минимум го сведува ризикот од ширење на вирусот Ковид-19, мерката родителите на децата од 0 до 6 години да бидат надвор од работниот процес ја губи смислата. Таа мерка изминатиов период беше на сила затоа што јавните установи за згрижување на деца, односно градинките не работеа“, велат од Владата.

Дополнително, велат од таму, донесена е и одлука за проширување на капацитетите на групите во градинките од 0 до 2 години, на по 12 деца во група, со што, велат од Владата, јавните установи за згрижување на деца имаат капацитет целосно да ги згрижат децата на мајките кои до сега користеле продолжено породилно отсуство.

Онаму каде ќе се појави потреба од дополнителен простор и кадар за згрижување деца, Владата им препорача на Општините да обезбедат соодветно решение.

Анализите покажуваат дека во согласност со мерките предвидени во Протоколот градинките во државата имаат капацитет да примат 19.000 деца, а интерес досега покажале родители на 14.555 деца.

Според информациите од надлежното Министерство за труд и социјална политика дел од родителите што веќе ги пријавиле децата, изминатиот период не ги носеле во градинка.

Затоа Министерството за труд и социјална политика доставило допис до градинките да утврдат дали овие деца ќе престојуваат во градинките.

„Владата внимателно ја следи состојбата на терен и во зависност од потребата ќе носи одлуки кои се во интерес на граѓаните и на државата“, се наведува во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор