Утрински Весник
Македонија

Влада: Македонскиот културен центар во Благоевград ќе биде отворен оваа година

Портпаролите на Владата Муамет Хоџа и Душко Арсовски на денешната редовна прес-конференција информираа подетално за заклучоците и одлуките донесени на вчерашната 42 седница на Владата на Република Северна Македонија.

На медиумскиот интерес кога ќе се отвори македонски клуб во Благоевград, што го најави премиерот Ковачевски, портпаролите информираа дека Премиерот најави дека планира директно да го информира колегата Петков дека Владата на Република Северна Македонија во текот на оваа година има намера да отвори нов културен центар во Благоевград, а името на центарот ќе биде определен во комуникација со Институтот за историја.

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари